Битолските Лајонси со едукативен филм против училишното насилство

0
946

Лајонс клубот Битола, по повод 10 години од своето постоење, придружувајќи се кон акцијата за спречување на училишното насилство, го организираа настанот во кој се вклучени основните училишта од Битола, за следење на филмот Малиот гангстер по повластена цена, а во соработка со 3Д киното од Битола.

Целта на оваа акција е подигнување на свеста за спречување и детектирање на училишното насилство , како сериозен општествен проблем.

Филмот е хит комедија со едукативна содржина и е еден од најнаградуваните филмови за деца во светот, а е синхронизиран на македонски јазик.