Битолските лекари го подржаа носењето Закон за лекари

0
386

Насилство врз здравствените работници кои спасуваат човечки животи не смее да се толерира, став на Лекарската комора. Подолг временски период приоритет е донесувањето на Законот за лекари, во кој посебен акцент ќе биде ставен на заштита на нивните права и обврски. Претставници на лекарската фела потпиша повелба за заштита на правата на лекарите.
potpisi doktori

Доверба меѓу лекарот и пациентoт, право на лекарот да одбие спроведување на дијагностика и лекување на пациентите, ако тоа предизвика трајни последици по здравјето на пациентот, но и право на заштита на лекарот и неговото семејство ако кон него се упатени закани. Ова се само дел од начелата кои ги содржи повелбата, која денеска ја подржаа и докторите на битолската Клиничка болница.

vasile
Д-р Василе Најдовски директор на Клиничка болница вели дека докторите се приклучија кон повелбата и дека никој не ги присилил да ја потпишат ниту можел некој да ги присили.

Обезбедувањето во болницата се избирало по тендер и досега немале случај на напад на лекари освен вербално но и ваквите ситуации биле во тренд на опаѓање.На новинарско прашање за одредени изјави на политичка партија Најдовски вели

Најдовски додава дека незвисно која политичка партија го вели тоа дека под притисок се потпишува тоа е само со цел да се наруши угледот на болницата.

Оваа повелба на Министерството за здравство, Лекарската комора и Македонското лекарско друштво произлезе по настанот на Клиниката за абдоменална хирургија во Скопје се случи инцидентот во кој на хирургот беше пукано со огнено оружје од страна на семејството на почина пациентка

Без коментари

LEAVE A REPLY