Битолските матуранти полагаат во Прилеп

0
730

Битолските матуранти државна матура денеска полагаат во Прилеп. Вака одлучи Државниот испитен ценатр од Министерството за образование. Денеска полагаат 6 ученици, утре 20 ученици а в четврток 18 ученици. Советникот За образование во Битола вели дека поради тоа што имало многу мал број на ученици кои што ја имаат втората шанса за полагање на матура државниот испитен центар одлучил да се полага регионално. Државна матура се полага од денеска до 21-ти август .Ќе полагаат оние матуранти кои во јунскиот испитен рок не беа тестирани или не успеаја да положат некој од предметите.

maturanti2

Денес матурантите го полагаат испитот по задолжителниот предмет мајчин јазик и литература. На 19-ти август ќе полагаат матурантите кои одбрале странски јазик, в четврток ќе се спроведе испитот по математика, а в петок се испитите по предметите естетика, филозофија, хемија, физика, биологија, историја и бизнис.

На ова тестирање ќе треба да се појават 2229 матуранти кои не полагале во јуснскиот рок.