Битолските пирати најдобра македонска екипа на регата во Хрватска

0
4565

Екипата на ЛК Битола под името Bitola Pirates е најдобро пласираната македонска екипа на 19 хуманитарна регата организирана од Хрватските Лајонси под името “Једрима Против Дроге” на која зедоа учество 40 тимови од повеќе од 15 европски земји.


Високо позиционирани на 8 место, ЛК Битола Bitola Pirates кој за прв пат учествува направи најдобар резултат од македонските тимови.

Bitola Pirates е составена од следните учесници: Љубица и Зоран Манговски, Жанета и Марио Трифуновски, Тереза и Миле Јанчевски,  Ивона и Евгениј Милошевски, Скипер Томислав Бановац.