Битолските средношколци излегуваат на марш

0
360

За денеска во 12 часот битолскиот Средношколски пленум закажа марш за подобро образование. Како што објавија на социјалните мрежи маршот ќе започне од пред медицинското училиште во Битола.

„Продолжуваме со борба затоа што нашите барања се’ уште не се исполнети, а марш затоа што минатата школска година, борбата ја започнавме со марш – на ист начин ја започнуваме и оваа школска година, па ако не бидеме слушнати, ќе продолжиме со други активности“, известуваат од Средношколскиот пленум.