Битолските театарџии во соседството

0
372

 

Екипата на Битолскиот театар, денес заминаа за Благоеврград, Бугарија, каде ќе гостуваат со претставата – Последната ноќ од полскиот драматург Ингмар Вилквист, а во режија на Андреј Цветановски.

Психолошката драма е всушност една фамилијарна приказна за тоа како случувањата во надворешниот свет влијаат врз едно семејство.

На сцената подготвена од Сергеј Светозарев играат актерите Соња Михајлова и Марјан Ѓоргиевски.

Се работи за семејството на Карла и Хелвер, едно поинакво семејство со едно посебно дете а метафората на овој текст е дека секогаш постојат такви семејства малку поинакви од другите, поразлични од обичните и се наоѓаат на маргините на животот.

За костимите се погрижи Марта Дојчинова, а Димитар Андоновски се погрижи за музиката.

Последната ноќ, е обид да се долови како едно семејство може да биде жртва на случувањата во нивниот надворешен свет, како стегите на тој свет го растураат и понижуваат просечното семејство. Претстава во која приказната зборува за поинакво семејство, понижувано семејство, кое успева до таа ноќ да го одржи својот мал, но значаен свет .

Со оваа претстава битолскиот театар гостуваше и во музејот на Достоевски во рускиот град Санкт Петербург, каде доби одлични критики.

Со поддршка на Министерството за култура, битолските актери ќе гостуваат во САД и Израел.

Во меѓувреме во битолскиот театар се припрема најновата претстава во режија на Диего де Бреа.