Битолско дерби во првото коло на новата Суперлига

0
432

Новата сезона во машката ракометна Супер лига ќе почне на 17 септември и ќе се игра според стариот систем. Во првиот дел од сезоната шампионот Вардар и екипата на Металург ќе бидат слободни, бидејќи ќе се натпреваруваат во СЕХА Газпром лигата. Тие во Суперлигата ќе се приклучат во плеј офот.

Новитети ќе има во начинот за натпреварување во следната сезона, кога ќе се игра и Супер Куп меч меѓу освојувачот на првенството и освојувачот на Кпот на Македонија. Победникот во националниот Купот во иднина ќе обезбедува пласман во Челинџ Купот.

Во премиерното коло од новата сезона не очекуваат дуелите:

Пелистер – Еурофарм Работник
Прилеп – Вардар јуниор
Пролет – Металург 2/Преспа
Радовиш – Борец
Работнички – Охрид

Без коментари

LEAVE A REPLY