Битолско Фиат Уно се судри со мопед Томос на патот Градско-Прилеп

0
1324

фото: архива

На 14.05.2016 година во 15.40 часот на магистралниот пат Градско-Прилеп се случила сообраќајна незгода помеѓу ПМВ „Фиат Уно“ со битолски регистарски ознаки, управувано од Б.С. (58) од Битола и мопед „Томос“ без регистарски ознаки, управувано од Ж.К. (55) с.Дреново, кавадаречко. Во незгодата со тешки телсни повреди се здобил Ж.К., кој е пренесен во ЈЗУ Општа болница Кавадарци и е задржан на понатамошно лекување. По овластување на Јавен обвинител увид на местото на настанот извршила екипа од ПС Кавадарци.