Битолско корзо-изложба на најинтересните фотографии

0
165

Изложбата „Битолското Корзо” во организација на веб – порталот Шеталиште, беше промовирана пред битолчани во рамките на битолско културно лето.

На изложбата беа претставени фотографии од популарниот проект Саботно корзо, како и мултимедијалниот проект Битолското корзо, во четири сезони, што се емитува на Тера телевизија.
Проектот Саботно корзо на веб – порталот Шеталиште започна пред околу една година и е одлично прифатен од битолчани.
Од веб – порталот Шеталиште најавуваат дека и во иднина ќе има вакви интересни настани и новитети кои ќе ги креираат заедно со читателите на веб – порталот.
Неда Маретиќ