Битолското чупе во градскиот парк

0
1454

Финалето на наградната игра на најголемата млечна индустрија во
Македонија Бимилк,  во битолскиот парк донесе многу забава, дегустација
на млеко збогатено со десет витамини и радост за добитниците на 566
награди.
Kрајот на големата кампања, големата наградна игра наречена – Авантурите
на битолското чупе, ги израдува наградените но  и другите учесници, кои
во овие месеци стрпливо собираа сликички и купија рекордни 55. 000
албуми.
Големата авантура на Битолското чупе, Бимилк и Битолското млеко со 10
витамини, заврши со многу изненадувања и интересна и богата програма.
Заинтересираноста беше голема што докажува и фактот на испратени над 13
000 пликови.
Свеста на луѓето за пиење млеко е голема, а особено тоа е кај децата. Од
Би милк најавуваат и други авантури со битолското чупе и други награди.
И додека овие месеци се случуваа тн.авантури на битолското чупе,
интересот за витаминизираното млеко растеше.
Децата  се сликаа со битолското чупе, се дружеа и со маскотите на
наградната игра , се дружеа со повеќе познати личности од нашата држава.
Помеѓу среќните добитници од големата наградна игра,  најсреќна  беше
добитничката на главната награда, Маја Мојсова Мијовска, која заедно со
своето семејство ќе ја посети светски познатата Зоолошка Градина во
Берлин.
На наградната игра беа доделени 15 плеј стејшни, 50 ваучери во вредност
од 3000 денари и 500 Би милк производи.
Битолското чупе и Бимилк донесоа незаборавно искуство за многу деца, кои
имаа можност на оригинален и креативен начин, преку забава и учење, да
уживаат во собирање и размена на сликички и да се дружат.