Битолското дерби за Еурофарм Работник

Битолското дерби за Еурофарм Работник

0 457

Во последниот натпревар од 4. коло на плеј-оф лигата, кој се одигра попладнево во Битола, Еурофарм Работник го совлада градскиот ривал Пелистер со 26-25, полувреме 11-11.

Серхио Барош со 7 гола беше најефикасен кај Еурофарм Работник, а Чурлевски и Крстевски постигнаа по 4 гола. Кај Пелистер се издвоија Богдан Николиќ со 7 и Васко Димитровски со 5 гола.

За ракометарите на Еурофарм Работник ова е втора победа во плејофот, додека Пелистер го претрпе третиот пораз.

На претходно одиграните натпревари од ова коло гостински победи остварија фаворитите Металург и Вардар.

ФОТО: www.gol.mk

Коментарите се затворени.