Бивш припадник на американската војска стои зад масакрот во Тексас

0
272

Напаѓачот е идентификуван како Девин Кели, поранешен припадник на американското воено воздухопловство, но нема релации со некоја терористичка група.

Нападот се случи во црква во местото Садрленд Спрингс, во близина на Сан Антонио. Жртвите се од 5 до 72 годишна возраст.

.Кели во април 2016 легално го купил оружјето со кое го извршил нападот.

Од 2010 бил припадник на американските воздухопловни сили во логистичката база во Њу Мексико, а во 2012 е изведен пред воениот суд поради напад врз сопругата и детето.

По една година затвор во 2014 поради лошо однесување е отпуштен од војската и е деградиран.

Мотивите за нападот за сега се непознати. ФБИ и полицијата сметаат дека не се работи за терористички чин, туку за ментално пореметување.

Кели инаку за да дојде до Првата бапристичка црква возел околу 70 километри. Полицијата денеска ќе ја пребара неговата куќа и ќе разговара со оние кои биле во непосреден контакт со него.

Кели е меѓу убиените, но засега не се знае дали е убиен во престрелка со полицијата, или се самоубил.

http://novatv.mk