Бившиот грчки премиер Лукас Пападимос повреден во експлозија на писмо-бомба во Атина

0
1916

Поранешниот грчки премиер Лукас Пападимос и две други лица се повредени по отворањето писмо-бомба во неговиот автомобил, во центарот на Атина.

Пападимос наводно претрпел повреди на рацете и нозете по отворањето на пакетот.

Тој бил префрлен во болницата Евангелисмос заедно со неговиот возач и телохранител, кои исто така се повредени, пренесе Екатимерини.

Агенцијата АНА пренесува дека Пападимос во моментов е на операција поради повреда на абдоменот, а добил и повреди на ногата. Грчката полиција потврди дека се случила експлозија чија мета бил Пападимос.

Портпаролот на полицијата изјави дека експлозијата се случила додека автомобилот се движел на раскрсница во 18.30 часот. Тој рече дека Пападимос и двете други лица се повредени, навидум не сериозно, но дека е „премногу рано да се каже“.

Грчката влада преку министерот Никос Папас соопшти дека „сите се шокирани“ и дека го „осудуваат ужасниот чин“.

Пападемос беше премиер шест месеци, во 2011 и 2012 година, а претходно беше директор на Грчката централна банка и потпретседател на Централната европска банка.

www.mkd.mk