Бизнис семинар: Зголемување на продажбата и намалување на трошоците со помош на интернет

0
753

Интернетот е една од најмоќните алатки за зголемување на продажбата, а работењето на компаниите станува речиси незамисливо без интернет. Користењето на интернетот во продажни цели станува се поактуелно и во Македонија, но и понатаму не на она ниво кое што е во Западна Европа. Кај нас за жал, сеуште постојат предрасуди и непознавања во поглед на искористувањето на интернтот за оваа намена.

Со цел да се научи повеќе за користењето на интернетот во исполнувањето на клучните бизнис цели, агенцијата Nova Solutions и D2EM Consulting организираат стручен семинар на тема „Зголемување на продажбата и намалување на трошоците со помош на Интернет “.

На семинарот ќе се обработат теми како што се користењето на интернет како медиум за генерирање на профит, Бизнис комуникациите, зајакнување на продажните позиции со помош на интернет како и користење на социјалните медиуми и ќе бидат презентирани неколку успешни промотивни практики на македонски компании.

На семинарот исто така ќе се прогласат добитниците на награди по повод на осум години на работење на Nova Solutions.

Стручниот семинар ќе се одржи на 26 февруари во Хотел Капри Битола со почеток од 9:30 часот.

Резервирајте го Вашето учество на семинарот на следниот контакт маил :contact@solutions.mk

biznis-seminar-nova-solutions

Без коментари

LEAVE A REPLY