Бизнис центарот ќе им помага на бизнисите во пелагонискиот регион

0
822

Во рамките на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион се формираше Бизнис центар кој ќе биде директна поддршка за малите и средни претпријатија од регионот.

-Ако дојде странска инвестиција или домашна фирма во Бизнис центарот може да се информира за регионот и поволностите за бизнисите. Ќе има и е-водич, изјави Љупчо Пренџов, заменик министер за локална самоуправа.prengov

На овој начин ќе се зголеми и капацитетот и функционирањето на пелагонискиот плански регион.

-Со отворањето на центарот се прави чекор напред кон институционално поврзување со бизнисите и бизнис заедницата, вели м-р Ѓоко Стрезовски, претседател на Советот на Пелагонискиот плански регион.goko

Како партнери се јавуваат Регионалната стопанска комора Битола.

-Ќе се најдат можности за повеќе бизнис сектори да бидат вклучени, изјави Олгица Стојчевска, заменик претседател на Регионалната стопанска комора Битола. olgica

-Ќе се почне со аплицирање, добивање, финансирање и имплементирање проекти, да им помогнеме на бизнисите во делот на административната работа, рече Емилиа Ѓероска, директор на ЦРППР.emilia

Вакви бизнис центри ќе функционираат во сите 8 региони.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY