Бјанки почина по 9 месеци кома, нова голема загуба на формула 1 спортот

0
287

Денес е црн ден за светскиот спорт, посебно за автомобилизмот. Трагичната вест за прераното заминување на 25 годишниот Формула 1 возач, Жил Бјанки го потресе светот и потсети на големата несреќа пред девет месеци за големата награда на Јапонија. Бјанки беше во кома девет месеци по излетувањето во Јапонија. „Жил се бореше до самиот крај како и секогаш но денес неговата борба заврши” изјави таткото на Жил Бјанки возачот на Ф1 тимот Марусија по смртта на неговиот син. Тој дебитираше во Формула 1 во 2013 година во тимот на Марусија а предходно две години беше тест возач за Ферари.