Благодатниот оган во храмот на Светиот гроб во Ерусалим

0
1993

Благодатниот Свет оган чудесно слезе на Велика Сабота во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, во храмот на Светиот гроб во Ерусалим, а патријархот Ерусалимски Теофил Трети и годинава им го предаде на насобраните верници, кои веруваат дека кога огнот нема да се појава ќе биде означен крајот на времето.
Светиот оган ја симболизира чудесната светлина на Воскресението Христово, за што зборува уште апостол Павле и се смета за најголемата светиња за верниците. Неговото појавување во пресрет на Велигден со молитвите на православниот патријарх, свештенството и илјадници аџии, без разлика на регуларноста, се нарекува „чудото на Светиот оган“.а патријархот Ерусалимски Теофил Трети им го предаде на насобраните верници.
Според традицијата, сите свеќи и светилки во црквата претходно биле згаснати. Огнот се појавил по молитвите за чудо на ерусалимскиот патријарх Теофил III, а илјадници верници во саботата пред Велигден го исполниле храмот на Светиот Гроб, црквата којашто всушност е низа од споени простории коишто наликуваат на спили, но богато украсени, со скалила коишто водата до галеријата и исчезнуваат од видикот во темнината, просторот пред него и околните улици.

Огнот се појавил, како и во претходните години, во Кувуклисот – параклисот во внатрешноста на црквата на Светиот Гроб, по камената ложа, на која на Велика сабота е поставено погребеното тело на Христос. Таму, според вековниот ритуал, се моли за слегувањето на Светиот оган православен патријарх. Според древната церемонија, во предниот дел на Кувуклисот одеждата на патријархот Теофил Трети и самата капела се внимателно испитани за присуство на никакви вештачки средства за добивање оган.

Како и секоја година, во пресрет на очекуваниот Велигден чудото се случи, Патријархот на Ерусалим им го предаде огнот на верниците, коишто потоа Светиот оган го разнесуваат по светот.

Треба да се спомене дека муслиманите, исто така, ја признаваат божественоста на огнот, чие потекло сé уште не е објаснето од страна на науката. Тие, исто така, присуствуваат во храмот на Светиот гроб во Ерусалим заедно со христијаните и делови од Благодатниот оган носат во своите домови.

Најраните споменување за појавата на светиот оган во пресрет на Воскресението Христово (Велигден) датираат од IV век.

Церемонијата за добивање на Светиот оган (литанијата) започнува во раните утрински часови и се состои од низа ритуали, вклучувајќи ги и проверката и запечатување на Кувуклисот. Претходно, тоа го правеле турските стражари (во периодот кога Палестина беше дел од Отоманската Империја), а сега – полицијата.

Старешините на православната арапска младина, седејќи со рамениците едни до други извикуваат „нема вера освен православната вера, Христос – вистински Бог“, молејќи го Бога на верниците да им го дарува Благодатниот оган. Се верува дека Спасителот го прифаќа ваквото детински наивно но искрено обраќање.

Во внатрешноста на храмот, исто така, се одвиваат торжествените процесии на ерменското, коптското и сириското свештенството. Тие традиционално се придружувани од кавасите – стражари во турска униформа коишто во древните времиња биле ангажирани да ги заштитуваат христијанските процесии. Како што се движат низ толпата, кавасите со специјалните стапови удираат по камениот под на храмот. Нивното дејствие заедно со бучното однесување на православните Арапи, создаваат уникатна атмосфера на празничниот ритуал.

На пладне од Ерусалимската Патријаршија започнува процесијата (крстниот од) кон Светиот гроб, кој завршува во предниот дел на Кувуклисот. Притоа се носи голем фенер во кој гори оган и 33 свеќи што ги симболизираат бројот на години до земниот живот на Спасителот.

Патријархот на Ерусалим, традиционално влегува во просторијата во ленена одежда за да биде видливо дека тој не носи во спилата кибрит или нешто друго со што може да запали оган. Тогаш се запечатува влезот на капелата – и настапува напната тишина во очекување на слегувањето на Светиот оган.

Кај многу народи опстојува верувањето дека доколку огнот не се појави, тоа ќе биде страшен знак за човештвото, а луѓето во храмот ќе изгинат. Обично очекувањето на чудото трае од неколку минути до неколку часа. Во тоа време во храмот е во потполна темнина. Држејќи во рацете незапалени пасхали (големи празнични свеќи), присутните се молат, се покајуваат за своите гревови и молат од Бога да ги дарува со Светиот оган.

По извесно време во храмот се појавува необјаснива трепетлива светлина којашто изгледа како да тече надолу по ѕидовите и столбовите, а од отворот на куполата во храмот на Гробот Господов (црквата на Светиот Гроб) вертикално се спушта широк столб светлина.

Наскоро во параклисот се појавува Благодатниот оган, што е проследено со радосните извици на верниците присутни во Кувуклисот, излегува Ерусалимскиот патријарх и го споделува огнот (од свеќа на свеќа) со верниците собрани во храмот. Верниците коишто стојат во првиот ред ги палат свеќите и огнот брзо го пренесуваат од едно на друго лице. Понекогаш, како што тврдат очевидци, фенерите и свеќите се палат сами од себе во рацете на верниците.

Повеќето од верниците во рацете држат по неколку свеќи од што се формира своевиден факел, така што наскоро целата црква почнува буквално да сјае од огнот. Луѓето се еуфорични – и многу се мијат со Светиот оган. Треба да се спомене, исто така, дека во прво време огнот има неверојатно својство – не предизвикува изгореници.

Како и секоја година, Израел издаде пропусници за 500 христијани од Појасот Газа за може да влезат во Израел и на Западниот брег. Повеќе десетици илјади христијани од целиот свет и од сите конфесии, добиваат специјални дозволи за посета на Ерусалим до крајот на седмицата, кога православните верници го одбележуваат Велигден.

Во Светата земја има околу 110 илјади арапски христијани, и илјадници странски христијански работници, баратели на азил и русофони имигранти. Христијаните претставувале повеќе од 18 отсто од населението што живее во Светата земја во 1948 година која е востановена државата Израел, а денес ги има помалку од 2 отсто./крај/мф/сн

www.makfax.com.mk