Благој Мицевски за новите претстави во Битолскиот театар

0
566

НУ Народен театар-Битола ги започна подготовките за повеќе театарски претстави.

Уметничкиот директор Благој Мицевски истакна дека четворица режисери во моментов паралелно работат на 3 претстави од кои Јован Ристовски и Ангелчо Илиевски работат на Сонетите на Вилијам Шекспир, Љупчо Ѓорѓиевски работи на претставата Кралски игри, чија премиера се очекува во почетокот на месец март, а Мицевски режира претстава на јапонски автор.

Во трите претстави ќе настапат скоро сите актери вработени во оваа национална установа.

Овие проекти се поддржани од Министерството за култура. Трите театарски претстави ќе бидат одиграни на „Битола Шекспир фестивал“ како една компилација. Но, исто така се очекува овој производ да го понудиме на големиот театарски пазар во светот и објективно очекуваме повеќе настапи на фестивали во светот. Воедно на овој начин се одбележува големиот датум во светската уметност, односно 400 години од смртта на Вилијам Шекспир.