Блатер: Ова е тешко време за фудбалот

0
174

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер, со соопштение реши да и се обрати на јавноста по по повод апсењата во Цирих, каде во средата швајцарската полиција по барање на ФБИ приведе седуммина високи функционери на ФИФА.

„Ова е тешко време за фудбалот, за навивачите и за ФИФА. Го разбираме разочарувањето кои јавно го изразија многумина“, пишува Блатер на почетокот на соопштението.

Апсењата во Цирих се случија во пресрет на Конгресот на ФИФА, кој треба да се одржи в петок, а на кој Блатер ја истакна кандидатурата за петтиот мандат на чело на најмноќната спортска организација.

Инаку американските и швајцарските власти соопштија дека уапсените речиси 25 години учествуваат во коруптивни работи и дека во тој период незаконски се стекнале со околу 150 милиони евра.

„Колку и да се несреќни овие настани ние ја поздравуваме истрагата и веруваме дека со мерките кои претходно ги покрена ФИФА ќе можеме да го искорениме злото во фудбалот. Иако поединци се фрустрирани од темпото на промените, морам да признаам дека ние ќе продолжиме со акциите кои ги започнавме. Ќе бидам јасен на ваквото однесување на му е место во фудбалот и ние ќе се обидеме да ги отстраниме сите кои нема да работата според правилата“, истакнува Блатер.

ФИФА по акцијата на швајцарската полиција суспендирала 11 свои членови, меѓу кои се и двајца потпретседатели на организацијата, од сите фудбалски активности се додека трае истрагата.

По повод скандалот, во средата од Варшава, се огласи и УЕФА, која побара ФИФА да го одложи гласањето за нов претседател за шест месеци, а доколку тоа не се случи од Европската куќа на фудбалот најавија дека ќе го бојкотираат Конгресот во Цирих.

Блатер ја истакна својата кандидатура за претседател на ФИФА, а противкандидат ќе му биде јорданскиот принц Али бин Ал Хусеини.