Блажевска и Илиоски ќе се борат за злато во Сан Себастијан

0
818

Бобан Илиоски и Марија Блажевска ќе се борат за златните медали во своите категории, на Светското првенство за јуниори кое се одржува во Сан Себастијан, Шпанија. Илиоски во лоу кик, категорија до 71 килограм, во полуфиналната борба го победи Полјакот Дамијан Пискорж. Противник на Илиоски во борба за планетарната титула во јуниорска конкуренција ќе биде Русинот Тејмур Азизов. Божиновска, во полуфиналната борба во кик лајт, категорија до 70 килограми, ја победи Марта Липка од Полска. Во финалето македонската репрезентативка за противничка ќе ја има Марта Филипини од Италија.

Без коментари

LEAVE A REPLY