Блажевски не исплива за олимписка норма во Казан

0
983

Македонскиот пливач Марко Блажевски во дисциплината 200 метри мешано на Светското првенство во Казан, заврши на 33. место, што не беше доволно за Б нормата за олимписките игри во Рио де Жанеиро наредната година. Блажевски патеката ја исплива со време од 2:04.79, што е четири десетинки побавно од олимписката Б норма. Личниот рекорд на Блажевски, кој воедно е и државен рекорд, изнесува 2:03.65, а испливан е минатата година.

Без коментари

LEAVE A REPLY