Блесок на надежите во Белфаст!

0
695

Младата фудбалска репрезентација на Македонија се враќа со втора победа во квалификациите за европското првенство за играчи до 21 година. Попладнево во Лурган, избраниците на селекторот Боби Милевски славеа со 2:1 над селекцијата на Северна Ирска и со тоа покажаа дека во нив има иднина и за сениорскиот тим. По рамноправната игра во првото полувреме, домашните сепак успеаја први да го отворат резултатот. Со голот на Доерти во 43 минута С. Ирска поведе со 1:0 и со тој резултат се замина на пауза. На самиот почеток на второто полувреме на местото на Даниел Аврамовски, Милевски го уфрли резервистот Ангелов кој уште во првата минута од продолжението асистираше за Барди да го израмни резултатот на 1:1. Во последните 5 минути од регуларниот дел Македонија ја искористи и втората шанса за гол. Повторно асистент беше Ангелов, а овој пат домашната мрежа ја погоди Кире Марковски во 85 минута. Следниот предизвик за Македонија е средбата со Франција која ја играме на 15 ноември во Скопје.

Без коментари

LEAVE A REPLY