Блесок на Стојановски на пливачкиот мундијал за глуви во Сан Антонио

0
867

Андреј Стојановски постигна голем успех на светското првенство во пливање за глуви кое се одржува во Сан Антонио, САД. Стојановски во дисциплината 1.500 метри слободен стил оствари време 16:57.13 минути и го освои сребрениот медал. Стојановски, кој е член на пливачкиот клуб Бета, на Светското првенство изминатите денови учествуваше во уште три финални трки. На 400 метри делфин тој заврши на петтото место, додека на 400 и 200 метри слободно го освои седмото, односно осмото место.