Блиските дестинации најатрактивни за битолчанки за 8-ми март

Блиските дестинации најатрактивни за битолчанки за 8-ми март

0 536

Ако порано се знаеше, од работа со жените, колективно во кафеана , ќе си го одбележеа празникот, денес се почесто жените се одлучуваат да го прослават 8 ми март надвор од нашата држава. Битолчнки по традиција си го одбележуваат празникот 8 ми март. Од ТА Ариес во Битола велат дека блиските дестинации најатрактивни. Велат дека жените знаат да одберат , кога се работи за нив, и знаат да потрошат, бидејќи други плаќаат.

-Оваа година ТА Ариес ќе реализираат програмски аранжмани, најбарани од страна на битолчанки блиските дестинации. Грција, Србија, Будва-Дубровник,, бањите и генерално сме задоволни од оваа година, изјави Никола Митревски ТА Ариес Битола

Најбарани се еднодневните аранжмани. Се земаат поблиските дестинации поради цената, и поради слободните денови. Поради финансиската моќ најбројни се пензионерките.

На прашањето колку мажите знаат да ги изненадат своите сопруги со понудените аранжмани и тури во европските метрополи, Митревски со одговор

-Сигурно имаме и такви клиенти, но ние немаме евиденција, рече Митревски

Како и да е. Остануваат уште два дена за да се размисли каде и како ќе се прослави 8 ми март. Меѓународен ден на жената е светски празник  што се одбележува секоја година на 8 ми март. Тоа е ден кога се одбележува борбата на жените за економска, политичка и социјална рамноправност со мажите.

Коментарите се затворени.