Близу 20 информатори на ЦИА се убиени во Кина

0
401

Околу 20 информатори на ЦИА во Кина се убиени или испратени во затвор во периодот 2010-2012 година, тврди   “Њујорк тајмс”.

Весникот наведува дека тоа во голема мера ги поткопало  разузнавачките операции во земјата.

Информации што Њујорк тајмс ги објавува се добиени од четворица поранешни вработени во тајните служби.

Според нив, тоа е еден од најсериозните откритија во системот во последниве години. Засега не е познато дали информаторите биле откриени како последица на хакерски напад или поради крт во ЦИА, имплементиран од кинеското контраразузнавање.

Вработените дополнуваат дека во 2010 година приливот на информации за кинеската влада значително бил намален, а во 2011 година почнале да исчезнуваат агенти. Најмалку еден од нив бил застрелан пред очите на колегите во дворот на државна зграда.

Ударот во системот на ЦИА се истражува од специјален тим , составен од претставници на менаџментот на ФБИ. Операцијата е наречена Honey Badger.

Истрагата го доведе тимот до личноста на поранешен вработен на ЦИА, но не беа пронајдени доволно докази за да биде уапсен. Сега тој живее во азиска земја.

“Едно од најпознатите вознемирувачки  работи е дека досега не знаеме што се случило.” – коментира пред Би-Би-Си новинарот од “Њујорк тајмс”, Мат Апуцо..

http://makfax.com.mk