Блокада на граничните премини кон Грција

0
769

На граничниот премин Евзони – Богородица со соседна Грција протокот на возила се озвива отежнато.

Влезот во Грција од денеска до понеделник преку сите грчки гранични премини ќе биде значително отежнет поради штрајкот на грчките цариници.

Цариниците ќе штрајкуваат до понеделник наутро. Од Евзони велат дека границите се отвораат на секои два часа по 10-15 минути. Во овој интервал се пропуштаат само автомобили и автобуси кон Грција, а камионите воопшто не се пропуштаат.

Цариниците штрајкуваат против новиот пакет мерки на Владата.

Тие сметаат дека со новите мерки дел од службите за даноци и царини Владата се ставаат под директна контрола на европските служби.

Тридневниот генерален штрајк е во организација на Федерацијата на цариници на Грција во кој учествуваат царинските служби на сите гранични премини.