Блокиран процесот за независност на Каталонија

0
492

Вкупно 11 судии ја уважиле тужбата поднесена од шпанската влада со што автоматски се суспендира каталонската резолуција се додека Уставниот суд детално не го разгледа документот, наведуваат новинските агенции, повикувајќи се на извори во судот.

Шпанскиот уставен суд го блокира обидот на Каталонија за започнување процес на сецесија откако се согласи да ја разгледа тужбата на шпанската влада со што се продлабочи ќорсокакот околу можното отцепување.

Каталонскиот регионален парламент во понеделникот усвои резолуција со која се планира етаблирање република во наредните 18 месеци на овој високо индустријализиран североисточен регион.

„Ова е предупредување до каталонските лидери кои ако не ја прифатат оваа суспензија тогаш ќе се соочат со обвинување за непослушност“, се наведува во одлуката на судот во Мадрид.

Без коментари

LEAVE A REPLY