Блокирани разговорите за експертите во ДИК

0
459

Преговорите за избор на тројцата експерти во Државната изборна комисија се целосно запрени. ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ меѓусебно си ја префрлаат вината за неуспехот, кој може да го блокира целиот процес на имплементација на Договорот од Пржино. ВМРО-ДПМНЕ ги обвинува социјалдемократите дека намерно го блокираат процесот за да се одложат изборите закажани за 24 април, додека СДСМ тврди дека ВМРО-ДПМНЕ прави се’ за повторна партизација на ДИК и покрај тоа што намерата е да се добие професионална и независна комисија. Се’ уште е неизвесно дали и кога ќе продолжат преговорите, иако ВМРО-ДПМНЕ уште за вчера најави дека ќе се обиде на билатерално ниво да го деблокираат процесот.