Боб Дилан доби Нобелова награда за литература

0
258

Легендарниот поет и музичар Боб Дилан е добитник на овогодинешната Нобелова награда за литература, со образложение дека “креирал нови поетски изрази во рамките на големата американска традиција за песни”.

Во потесниот избор за Нобелова, според светските медиуми кои типуваа победник, беа и писателите- Кениецот Нгуги Ва Тионго, Јапонецот Харуки Мураками, американскиот писател кој често се опишува како најдобриот во моментов кој доаѓа од САД- Филип Рот и сирискиот поет Адонис.