Бобан Здравевски на проба во Хајдук Сплит

0
2041

Младиот талент од Битола, Бобан Здравевски во моментов се наоѓа во Сплит тренира со младинската екипа, и постои можност во иднина да биде дел од славниот тим од „Пољуд“ Тимот на Хајдук би можел да биде следниот клуб за младиот талент од Битола, Бобан Здравевски. Здравевски е репрезентативец на Македонија до 17 години, а игра на позицијата шпиц. Инаку Здравевски е син на поранешниот македонски репрезентативец Сашо Здравевски. Во моментов Бобан се наоѓа во Сплит каде што тренира со младинскиот тим на Хајдук, и постои можност во иднина да биде дел од славниот хрватски клуб. Тој е еден од најдобрите таленти на негова возраст во Македонија во моментов, и е член на битолски Пелистер.

Без коментари

LEAVE A REPLY