Бодовен танцов натпревар во Битола

0
967

 

Во спортската сала Павел Шатев се одржа бодовен натпревар во латино американски и стандардни танци во организација на ТСК Степ Ап – Битола.

На натпреварот зедоа учество 8 танцови клубови од Македонија, членки на танцовата спортска федерација.

Најдпбрите беа наградени и тоа -ТСК.Степ ап со две први, две трети, четврто и петто место.

Државните прваци Ангел Мицевски и Матеа Соколовска, повторно го потврдија својот квалитет во групата Пионери.

Во вториот дел на модерни танци, учество зедоа и модното балетско студио Анастасија, кои освоија и прво место во модерен балет.

Хип хоп студиото Dare2Dance, освоија први, втори и трети места.

Третиот дел беше посветен на најмалите почетници во танцот .