Богата палета на настани во Центарот за култура

0
371

Центарот за култура оваа година на битолската публика и понуди врвни настани а со богатата различна понуда, продолжуваат и до крајот на 2015 година.

Оваа година се одбележува и јубилејот-35 години постоење на оваа институција.

Првиот концерт е закажан за 29 ти септември и тоа на Њујорк џипси ол старс, во кој членува Исмаил Лумановски.

Потоа следува концертот на камерниот оркестар на Битола, на 10-ти октомври со кој ќе се одбележи роденденот на Центарот за култура.

Тука е и 36-тото издание на интернационалниот филмски фестивал Браќа Манаки со кој и оваа година Центарот за култура се партнери,потоа интернационалниот фестивал на класична музика Интерфест кој ќе биде отворен со концерт на македонската опера и балет.

Следува 7-то издание на Фестивал на музика од светот, соработката со детскиот Бабец театар и нивните редовни претстави, како и редовниот репертоар на 3Д киното.

На 24-ти октомви ќе се одбележи двегодишното постоење на ова кино а во декември оваа година се очекува 100.000-тиот посетител.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY