Богата понуда на наслови на пролетниот саем на книга во Битола

0
1426

Од 4-ти до 10- ти  април Битола ќе биде центарот на случувањата поврзани со книгата. Да, за книга. Да читаме повеќе за да бидеме подобри луѓе. Мудроста од книгите да ја преточиме во нашето секојдневие. Да читаме повеќе за нашите зборови да бидат полни со убавина, а од зборовите што ги користиме да создаваме романтични приказни. Секој човек носи роман во себе, а пишаното и прочитаното остануваат засекогаш.
Годинешниот пролетен саем на книга официјално  беше отворен во Битола во Центарот за култура. Настанот е во организација на клуб Матица.
Љубителите на пишаниот збор ќе може да ги пронајдат најновите наслови на познати светски и домашни автори како и автори од битолскиот книжевен круг.
На официјалното отварање присуствуваа авторите Владимир Костов, Петре Домовски, Добре Тодоровски, Радован Цветкосвки, Соња Мучкајева Видановска, Кире Неделковски и други, како и авторот Панде Манојлов кој ја презентираше својата најнова книга Сонот на детството.

– Самиот наслов на книгата ветува безброј детски соништа поврзани со секојдневните случувања во домот и семејството, на улица, во училиште и секаде каде што ги има децата-вели Ѓорги Лазаревски.
Неодамна во Скопје на Манојлов му беше врачено големо признание од Палестина.
Поетската арапска одисеја на Манојлов, започна некаде во 1982 година кога првата песна со наслов Палестина, беше објавена во весникот Нова Македонија и е една од најобјавуваните песни во десетина арапски држави.
На саемот љубителите на пишаниот збор може да пронајдат богата и разновидна понуда со автори, наслови и илјадници приказни.
Книгата завзема посебно место во животот на битолчани, па токму од Битола Матица го започа овој саем на книгата.