Богата програма во селекциите Нов европски филм и CEE програма

0
284

36- тото издание на ИФФК. Браќа Манаки, изобилува со богата програма во 13 целини и стотина филмови кои ќе може да ги проследи публиката во десетте дена од фестивалот.

За првпат пред медиумската јавност, за своите програми позборуваа и селекторите Дејан Трајкоски („Нов европски филм“) и Саша Станишиќ („СЕЕ Камера“).

Задачата на „Нов европски филм“, е да ги промовира дебитантските долгометражни филмови на режисери од Европа, а дел од филмовите се во копродукција со Македонија.manaki1

Тричлено интернационално жири, ќе ја вреднува уметничката креација на тандемот режисер-кинематографер и ќе го награди со наградата-„Бона Деа“.

Фактот дека филмовите од регионот на Југоисточна Европа. секогаш будат голем интерес и освојуваат награди на големите фестивали. ја наметна потребата од постоењето на селекцијата „СЕЕ камера“.

Осум силни филмски приказни што ќе се борат за наградата „Златен Манаки“, за најдобар филм и за најдобра камера, се дел од оваа селекција, во која има и македонски филм.

36 -то издание на фестивалот, ќе трае до 27-ми септември.

Без коментари

LEAVE A REPLY