Богати содржини во автокампот Крани

0
955

Со самиот почеток на летната сезона повторно започна со работа автокампот Крани, во Преспа со плажа на преспанското езеро и повторн полн со гости.
Најнова вест е и тоа што и Крани е разубавен со палми.
По подолго време заживува ова туристичко место, кое беше собиралиште на туристи од цела Европа.
Плажа со 60 лежалки, шанк на палажа, одбојка на палжа, кошаркарско игралиште.
Ресторанот со капацитет од 450 гости, нуди побогат квалитет на услуги, сала погодна за сите видови на свечености, венчавки, прослави, како и место каде може да се организираат конференции,семинари , состаноци и други видови на средби.
Летната тераса е нешто сосем ново, атрактивно, удобно, место за уживање и релаксација, а во вечерните часови надополнето со музика во живо. Капацитет 150 гости.
Сјајот убавината и животот на Крани и преспанското езеро се врати од минатата година.
Амбиент во кој ке најдете за секого по нешто. Блиску до познатите убави села.
Прекрасна природа, бројни манастри и цркви. Од едната страна се издига Пелистер, од другата Галичица. Тука природата создала се во едно, а со искористување на можностите што ги нуди, веќе станува туристички бисер на Преспа.