Богати содржини за туристите на плажата во Сливница

0
179
Плажата во Сливница ги пречека првите туристи. Угостителите велад дека имаат гости од цела Македонија а ги привлекло пред се медитеранската клима потоа содржините на самата плажа како шанковите со кабина за музика, простор за чување и користење на урбана опрема како што се лежалки, чадори, а градоначалникот на Ресен Ѓоко Стрезоски вели дека се опремени и работат по европски терк
„ Првите туристи дојдоа, се надеваме дека во ове два месеци ќе има многу повеќе туристи. Моментално имаме гости од сите градови на Македонија а има гости и од Европа, повеќето се наши иселеници. Мислам дека со она што го нудиме а пред се со ниските цени на храната и лежалките ќе привлечеме уште повеќе туристи. Забава има и за најмалите и за повозрасните”, изјави Цоца Стеријовска сопственик на ресторан во Сливница
Угостителите се надеваат дека овие два месеци ќе им бидат доста плодни а како адут ги најавуваат традиционалните македонски јадења. А пак градоначалникот со најава за богата културна програма на самите плажи
На брегот на Преспанското Езеро се уредија трите плажи во Сливница, во Крани и во Дупени.