Богдановски 35 на светот и со олимписка норма се враќа од Казан

0
211

Анастасија Богдановски се пласира на 35 место од вкупно 90 натпреварувачки во дисциплината 100 метри слободен стил на Светското првенство во Казан и oбезбеди олимписка Б-норма. Богдановски ја исплива делницата за 56,12 секунди, што е воедно е нов државен рекорд во оваа дисциплина и е за 24 стотинки подобар резултат од досегашниот македонски рекорд. Нашата претставничка пред два дена постави нов државен рекорд и на 200 м слободно (2:01,28) и ја потврди остварената Б-норма во оваа дисциплина.