Богоевски се појави во Jавното обвинителство

0
146

Поранешниот разузнавач Слободан Богоевски се појави во Jавното обвинителство на сослушување како сведок за аферата со „Маѓар телеком“ милионската афера, за која е во тек и постапка во Њујорк.

Богоевски беше повикан на сослушување, откако во саботата се врати од неколкудневниот одмор на доиздржување на казната затвор во кумановскиот затвор. Богоевски во моментов ја отслужува двегодишната казна затвор за случајот „Агент”, односно за продажба на државно земјиште – плац со површина од 19.000 метри, во непосредна близина на Спортскиот центар „Борис Трајковски“.