Богов: Македонските банки се стабилни

0
111

На македонските банки не им е потребна надворешна помош за да се одбранат од евентуалните последици поврзани со грчката криза, но доколку е потребно би било добро доколку им се дозволи пристап до средствата на Европската централна банка наменети за рефинансирање, смета гувернерот на Народната банка на Македонија, Димитар Богов. Во изјава за Ројтерс, Богов вели:
“Ние не очекуваме дека на Македонија ќе и треба каква било надворешна помош. Веруваме дека домашниот банкарски сектор е стабилен, но добро е да има и отворени опции”, смета Богов. Сепак според него се уште е нејасно дали средствата што ги одвојува Европската централна банка како своевиден бекап од прелевање на грчката криза ќе бидат достапни и за земјите надвор од Европската унија. Доколку е тоа така, тогаш тоа би била одлична можност за поддршка, смета гувернерот Богов