Бојан Димевски на прием во АМС по бронзата во моделарство

0
523

Денес, директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески оствари средба со Бојан Димески, освојувачот на бронзениот медал за Македонија на Светската Ранг Листа во воздухопловно моделарство – јуниорска конкуренција F1-A за натпреварувачката сезона 2015.

Димески големиот успех го постигна благодарение на освоените 201 поени и тоа први места на Светскиот Куп Софија, Светскиот Куп Македонија, Светскиот Куп Прилеп и Светскиот Куп Анадолија.
Директорот Спасески му го честиташе големиот успех на Димески и му посака уште вакви големи успеси, зошто секој личен успех претставува успех и за Македонија.

Димески се заблагодари за приемот и истакна дека во наредниот период ќе работи уште понапорно за да стигне до златниот медал во повисоките-возрасни конкуренции.

Без коментари

LEAVE A REPLY