Бојко Борисов имал телефонски разговори со Иванов, Заев и Груевски

0
1195

Лидерот на ГЕРБ и мандатар за состав на новата бугарска влада Бојко Борисов имал телефонски разговор со македонскиот претседател Ѓорге Иванов, јави бугарската агенција Фокус.

Според истиот извор, македонскиот претседател се заблагодарил за поддршката и разбирањето што Бугарија го искажува во овој кризен момент за Македонија, при тоа додавајќи дека земјата секогаш се потпира на Бугарија и на поддршката на лидерот на партијата ГЕРБ.

Претходно Борисов имаше разговори и со лидерите на СДСМ Зоран Заев и на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, во кои беа разгледани последните драматични случувања во земјата, како и можностите за надминување на конфликтите и на изнаоѓање на уставно решение за излез од кризата.

Мандатарот за состав на новата бугарска влада со македонските лидери разговарал и за претстојната лидерска средба кај македонскиот претседател. /крај/фк/ст