Боки 13 обезбеди стан со платена кирија и сметки за цела година за малиот Лука и неговите родители

0
1732

Македонскиот шоумен Боки Јовановски на својот профил на Фесјбук објави дека веднаш кога ја слушнал веста за нехуманите услови во кои живее бебето Лука со своите родители, се ангажирал да обезбеди пристоен дом за тоа семејство во Штип. Боки за семејството Симонови од Свети Николе обезбеди стан платен на една година со сите платени трошоци, и како што вели во прилогот за ТВ21, се надева дека за таа една година, нивната куќа ќе биде реновирано за да можат да живеат во неа.

„Кажано, ветено, сторено! Мисијата е комплетно завршена, преслаткиот Лука и неговите родители се вселија во нивниот нов, топол дом, станот е целосно наместен и опремен, изнајмен е на една година со целосно платени трошоци, да се надеваме дека нивната куќа ќе биде целосно реновирана во овој временски период! Сега ги имаат сите услови за пристоен и достоинствен живот, драг мој Лука дека си ми жив и здрав, ти си мојот херој. За Лука“, напиша Боки Јовановски на својот профил на Фејсбук.

 

Претходно телевизијата 21 ја објави сторијата за малиот Лука.

„Синче мое убаво многу те сакам за тебе ќе се борам до крај“. Ова се зборовите на 25 годишната Билјана, мајка на бебето Лука од Свети Николе. Лука има само две недели, но собата во која моментално спие е студена, бидејќи семејството нема дрва за да ја запали печката. Неговото шише со млеко го затекнавме полу-празно, затоа што родителите немаат пари да купат. Мајката Билјана е загрижена за здравјето на нејзиното бебе. Таа вели дека социјалната помош од 1200 денари не стасува за ништо, пренесуваТВ21.