Болниците во Штип, Битола и Тетово ќе прераснат во регионални центри

0
139

Министерот за здравство Никола Тодоров, денеска информираше дека најпрво ќе се започне со Клиниката во Штип којасе грижи за повеќе од 250.00 граѓани кои живеат во овој регион, а потоа и со останатите клиники во Битола и Тетово, па ќе се продолжи и со 12-те општи болници.

– Ова се повеќе значајни мерки, на чие спроведување веќе почнавме интензивно да работиме. Тие ќе овозможат двоен бенефит – од една страна за пациентите кои повеќе здравствени услуги ќе добиваат поблиску до местото на живеење и нема да трошат дополнителни финансиски средства и време за патување до Скопје, а од друга страна значаен е бенефитот за клиниките во Скопје кои ќе бидат растоварени од дел од упатувањата, а со тоа ќе се овозможат повеќе слободни термини за пациенти на кои здравствената услуга им е можеби понеопходна. На овој начин, пациентите ќе гравитираат кон штипската болница како регионален медицински центар, истакна Тодорв.