Болно е, но мора да се прифати

0
421

Кандидатката на демократите за претседател на САД Хилари Клинтон јавно го призна поразот и рече дека му понудила на победникот, републиканскиот кандидат Доналд Трамп за соработуваат.

-Минатата ноќ му честитав на Доналд Трамп и му понудив соработка во корист на нашата земја. Се надевам дека ќе биде успешен претседател на сите Американци, изјави Клинтон пред своите поддршувачи и персоналот во хотел на Менхетен, што е нејзино прво обраќање по објавувањето на резултатите.

Таа призна  дека изборниот резултат бил болен и дека е разочарана и дека тој покажал дека САД се „поделени многу повеќе отколку што мислеле“, порчувајќи им на поддржувачите дека мора да го прифатат исходот од изборите.

– Ова не е исходот што го посакувавме и за кој напорно работевме. Знам колку сте разочарани, бидејќи и јас сум. Ова ќе биде болно и тоа подолго време. Овој пораз боли, но не треба да престанете да верувате дека борбата за она што правилно, вреди, рече таа.

Рече и дека е горда што била пример за сите жени во Америка.

-До сите девојчиња коишто гледаат. Никогаш не се сомневајте во вашите вредности и моќ, како и тоа дека сте ја заслужиле секоја можна шанса и можност, рече Клинтон во обраќањето.

Според неа, Америка треба да се гради како земја „полна со надеж, инклузивност и големо срце“, да се почитуват и да се бранат владеењето на правото, рамноправноста и слободата на вероисповед“.

-На Трамп му должиме отворен ум и шанса да ја поведе земјата, рече Клинтон.