Бомба во Атина, оштетена книжарница и автомобили

0
241

Рачно направена експлозивна направа синоќа е активирана во центарот на грчката престолнина,  Атина.

Половина час пред експлозијата, анонимно лице се јавило во редакцијата на весникот „Ефемерида тон Синтактон“ за да предупреди на поставената бомба. Таа пукнала порано од она што било јавено анонимно.  Местото веднаш било затворено од полицијата. Од експлозијата е направена штета во една книжарница, автомобили и прозорци на околни згради.  Повредени нема. Истрагата е во тек.

Бомбите и подметнувањето пожари се релативно честа појава во Грција, главно насочени кон банки и канцеларии на политичарите.

Без коментари

LEAVE A REPLY