Бомбардирана болница во Алепо, над 20 загинати

0
349

Над 20 луѓе загинаа во нападот на сирискиот режим на болница во Алепо и зграда во близина.

Волонтери од цивилната одбрана соопштуваат дека е убиен стоматолог и пет члена на едно смејство, од кои две се деца. АФП информира дека е убиен и еден педијатар во источните делови на Алепо, кои се под контрола на бунтовниците. Меѓу загинатите се и двајца чувари во болницата и лекар. За нападот се обвинети Ал Нусра, кои се поврзани со Ал Каеда.

Над 270.000 луѓе досега загинаа во Сирија, а милиони беа принудени од 2011 година па наваму да ја напуштат земјата поради војна.