Бомбардирана болница во Алепо

0
223

Повеќе од 20 лица загинаа, откако при воздушни напади во источниот дел на Алепо, биле погодени болница и неколку амбуланти.

Меѓу жртвите има 5 деца. Сириската опсерваторија за човекови права соопшти дека биле извршени напади со авиони, хеликоптери и артилерија во деловите кои се под контрола на опозициските бунтовници.

Бомбардирањето продолжи во вторникот по три неделниот прекин, а оттогаш загинаа најмалку 30 лица.