Бомбаш самоубиец се разнесе во центарот на Белград

0
523

Маж на околу 50-годишна возраст се разнел со експлозив денес околу 12.30 часот во Белград, во слаткарница на улицата Илија Гарашанин, објавија српските медиуми.

Според неофицијалните информации што ги објавуваа српските медиуми, самоубиецот влегол во слаткарницата „Петковиќ“, лоцирана на аголот од улиците Таковска и Илија Гарашанин, ги истерал гостите надвор и на вработените во слаткарницата им ја покажал бомбата што ја носел во својот ранец.

Кога сите излегле надвор, тој легнал врз бомбата и ја активирал.

Девојка која работела во соседната пекарница, за српските медиуми изјавила дека мислела оти некој пукал во нејзината колешка од слаткарницата.

– Слушнав детонација и помислив дека некој пука во колешката од слаткарницата. Истрчав надвор и ја видов колешката како избезумено трча преку улицата до зградата преку улица и ѕвонејќи на интерфонот од зградата вика `Се уби чове, се уби човек` – посведочила за настанот за српските медиуми девојката од пекарницата.

Слаткарницата во која која се случила експлозијата е во сопственост на поранешниот министер за култура Братислав Петковиќ, кој за неколку српски медиуми изјавил дека верува оти инцидентот не му е наменет нему лично.