Бомбаш-самоубиец се саморазнесе на стадион во Ирак

0
359

На фудбалски терен јужно од главниот град на Ирак, одекна експлозија. Првичната бројка беше дека загинале 26 лица, а се повредени 71, но според најновите информации бројот на загинати пораснал на 29.

Бомбашкиот напад се случил за време на натпревар на мал стадион во градот Искандерија, 50 километри од Багдад, јавија официјални лица. Одговорноста за нападот ја презема ИСИС.
ИСИС почна кампањата со самоубиствени бомбашки напади во и околу главниот град на Ирак. Ирачките сили и нивните сојузници се борат со милитантите во северниот и западниот дел на земјата.