Бомбашите во Анкара биле поврзани со IS или PKK – 99 жртви

0
3105

Турскиот премиер Ахмет Давутоглу во средата за Reuters изјави дека некои од осомничените за самоубиствените бомбашки напади во Анкара на 10-ти октомври минале неколку месеци во Сирија и дека може да бидат поврзани со Исламската држава (IS) и со забранетата Работничка партија на Курдистан (PKK), а потоа за турските медиуми соопшти дека бројот на жртвите од овој терористички напад се искачил на 99, негирајќи ги вестите за 106 загинати.

„Во моментов ги истражуваме двете терористички организации, Даеш (Daesh – арапска кратенка за Исламската држава од поранешниот назив) и Работничката партија на Курдистан (PKK), бидејќи имаме одредени докази дека бомбашите самоубијци биле поврзани со Даеш, но имале некои врски и со PKK“, вели турскиот премиер Ахмет Давутогли во интервјуто за агенцијата водено во Истанбул.

„Некои осомничени престојувале во Сирија многу месеци“, додава Давутоглу.

Давутоглу потврдува дека е во тек истрагата дали имало разузнавачки или безбедносни пропусти во периодот до 10-ти октомври кога беше изведен двојните самоубиствен бомбашки напад во центарот на престолнината Анкара, кој е најкрвавиот во турската историја.

Претходно во вторникот вечерта неговиот претходник сопартиец исламско-конзервативниот претседател Реџеп Тајип Ердоан, изјави дека државата можеби сторила некои пропусти и нареди посебна истрага. Дел од опозицијата му префрла дека не била гарантирана безбедноста на собирот на синдикатите и невладините организации, на кој се приклучија левичарските и прокурдските партии чии членови беа токму нападнати на влезот од главната железничка станица во Анкара, па дури и дека ги Ердоан ги поттикнал нападите врз протесната поворка против турско-курдскиот судир во југоисточниот дел на земјата.

Во средата беше објавено дека тројца полициски челници во Анкара се разрешени од должностите по овие бомбашки напади. Станува збор за генералниот директор на полицијата за покраината Анкара, челникот на разузнавачката служба и првиот човек на јавната безбедност, двајцата на покраинско ниво.

Премиерот Давутоглу натаму во интервјуто за Reuters тврди дека постојат разузнавачки информации дека милитантите од Работничката партија на Курдистан (PKK) и од екстремната левичарска Револуционерна народна ослободителна партија/фронт (DHKP-C), која ја презема одговорноста за бомбашкиот напад врз американскиот конзулат во Истанбул во август, имаат бомбаши самоубијци обучувани во северен Ирак, во автономната курдска покраина, кои биле испрани во Турција.

Давутоглу, исто така, вели дека Турција „има право да се брани од нараснатите ризици кои произлегуваат од Сирија, по руската воена интервенција“.

Турскиот премиер подоцна во интервјуто за телевизијата Show TV емитувано во средата вечерта, изјави дека бројот на жртвите од споменатиот терористички напад се искачил на 99 луѓе. Досегашните официјални податоци говореа за 97 загинати, но во средата Лекарската комора на Анкара соопшти за 106 жртви.

„Имаме податок за 99 загинати, од нив 94 се идентификувани и нивните тела се предадени на семејствата. Меѓу загинатите е и државјанин на Палестина, и го очекуваме доаѓањето на неговите роднини“, изјави Давутоглу повторувајќи дека организаторите на терористичкиот напад ќе бидат откриени и ќе ја понесат одговорноста./крај/мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY